Варди стана најстариот играч со „Златна копачка“ во Премиерлигата
Голгетерот на Лестер сити ги победи Пјер Емерик Обамејанг од Арсенал и Дени Ингс од Саутемптон, кои имаа по 22 гола сезонава.
Денеска заврши сезоната во Премиерлигата, а Џејми Варди заврши на врвот на листата на стрелци со 23 голови.
Голгетерот на Лестер сити ги победи Пјер Емерик Обамејанг од Арсенал и Дени Ингс од Саутемптон, кои имаа по 22 гола сезонава. Варди воедно стана најстариот фудбалер во историјата на Премиерлигата што станал најдобар стрелец и тоа со 33 години и 198 дена.
Ова е втор најдобар ефект на Варди во Премиерлигата, бидејќи во сезната 2015/2016 во која Лестер стана шампион постигна 24 голови. Тогаш Варди не ја доби „Златната копачка“, бидејќи Хери Кејн постигна еден гол повеќе.