„ВАРДАРСКА ДОЛИНА“ Е ПРВАТА ГЕОРГАФСКА ОЗНАКА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ВИНА На проектот за воведување географска ознака се работи повеќе од две години

Вкупната територија на земјата е поделена на три вински региони и 16 вински области, од кои најголем е винскиот регион Повардарие, каде се лоцирани 87% од винските насади и 90% од винариите.

107

„Вардарска долина“ е првата географска ознака која ќе можат да ја носат македонските вина. Ова е резултат од две и пол годишната работа на винариите поддржани од  Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) за воспоставување на Системот за географска ознака.

Во април 2024 година се донесени неопходните измени во Законот за вино, а во меѓувреме се спроведоа обуки за лозарите и за винариите.






Вкупната територија на земјата е поделена на три вински региони и 16 вински области, од кои најголем е винскиот регион Повардарие, каде се лоцирани 87% од винските насади и 90% од винариите.

Процесот го координира новоформираната организација „Повардарски ВРВ“, кое наскоро треба да биде признато како овластено тело за географска индикација и да обезбеди институционална рамка за управување и спроведување на системот.

-Идните чекори се усвојување на правилници и протоколи за производство на грозје и вино, акредитирање контролно тело за независна сертификација, поднесување барања за регистрација на поединечни географски ознаки на вина и промоција и заштита на ознаките на национално и меѓународно ниво. Сето ова ќе овозможи воспоставување функционален и одржлив систем на географски ознаки, кој ќе придонесе за зголемена конкурентност, квалитет и препознатливост на македонските вина на пазарот“, објаснува Милица Плетварска, извршна директорка на „Повардарски ВРВ“.

Воведувањето Систем за географска ознака подразбира пред сè воведување стандарди за производство на грозје, идентификација на добиен прозвод вино од стандардизирано грозје со точно дефинирана област на прозводство каде што доаѓаат до израз тероарните карактеристики.

Притоа се  важни неколку клучни аспекти – јасно разграничување на кој се одгледуваат лозови насади врз основа на природни фактори како почва, клима, надморска височина. Потоа, постојат детални правила за сортите грозје, максималните приноси и техниките на производство на вино. Мора да се воведат научни аналитики за да се докаже квалитетот и типичноста на виното, како и верификација од независно сертифицирано тело. Процесот се заокружува со поставување заштитен знак на етикетите на виното.

– Само ако имаме Систем на географски ознаки воспоставен според стандардите на Европската Унија, може да се сметаме за вистинска винска земја. Тоа не е само гаранција за квалитет, туку и начин да се изгради имиџот на Македонија како винска дестинација – вели Елена Младеновска-Јеленковиќ, извршна директорка на „Вина на Македонија“.

Годинава се очекува производството да достигне помеѓу 90 и 100 милиони литри, колку што изнесува просекот во изминатите 10 години. Најмалку 85% ќе заврши на странските пазари, а една третина од тоа ќе заврши во маркетите како флажирано вино.

Еден од првите системи за географска ознака на вино е воведен во Франција, на почетокот на 20 век.

Поврзани содржини