Вардар елиминиран од Лигата на шампиони 

280

Ракометарите на Вардар 1961 го завршија настапот сезонава во Лигата на шампиони (ЛШ), откако вечерва вторпат за една недела беа поразени во осминафиналната пресметка против Веспрем со 39:30 (20:15).

Унгарскиот тим рутински ја комплетираше задачата по минатонеделниот убедлив триумф во Скопје од 41:27 не дозволувајќи му на актуелниот македонски првак ниту најмала шанса за евентуална сензација. 






Ракометарите на Веспрем за противник во четвртфиналето ќе го имаат француски Нант во чиј редови настапува македонскиот капитен и селектор Кирил Лазаров.

Поврзани содржини