Вардар 1961 е единствениот наш претставник во ракометната Лига на шампиони

Еурофарм Пелистер не доби покана за настап во Лигата на шампионите иако очекуваше „вајлд карта“.

284

Двојниот освојувач на ракометната Лига на шампиони, Вардар 1961 ќе биде единствениот македонски претставник во ова натпреварување, потврдија денеска од ЕХФ.

Еурофарм Пелистер не доби покана за настап во Лигата на шампионите иако очекуваше „вајлд карта“.






Другите два преставници од нашата земја РК Металург и Еурофарм Пелистер следната сезона ќе се натпреваруваат во Европската лига.

Следната сезона Лигата на шампиони ќе се игра со само 16 екипи и во нов формат.

Поврзани содржини