„ВАКВО РАЗУРНУВАЊЕ ВО АЗИЈА НЕМАЛО ЦЕЛ ВЕК“ Бројот на жртви во Мјанмар порасна на 1.700

Околу 1.700 луѓе загинаа, а најмалку 300 лица се пријавени за исчезнати по смртоносниот земјотрес, според владејачката хунта во земјата - воената влада на Мјанмар. Според официјални лица, околу 3.400 се повредени, а бројот на жртвите се очекува значително да се зголеми.

2,557

Она што го гледаме овде во Мјанмар е ниво на пустош што не е забележано повеќе од еден век во Азија, напиша Меѓународната федерација на Црвениот крст(МФЦК) и Црвената полумесечина(МФРЦ) во објава на Икс. МФРЦ упати апел да се соберат 100 милиони швајцарски франци за да им се помогне на 100.000 луѓе, во поддршка за закрепнување или за спасување животи, пишува „Гардијан“.

Околу 1.700 луѓе загинаа, а најмалку 300 лица се пријавени за исчезнати по смртоносниот земјотрес, според владејачката хунта во земјата – воената влада на Мјанмар. Според официјални лица, околу 3.400 се повредени, а бројот на жртвите се очекува значително да се зголеми.






Мјанмар е земја што е разурната од граѓанската војна, по воениот удар во 2021 година, кога беше соборена избраната граѓанска влада.

Во некои од најтешко погодените области во земјата, жителите рекоа дека владината помош досега била ретка, оставајќи ги луѓето сами да се грижат. Воената хунта на Мјанмар упати редок повик за меѓународна помош. Индија, Кина и Тајланд се меѓу соседите на Мјанмар кои испратија помошни материјали и тимови, заедно со помош и персонал од Малезија, Сингапур и Русија.

По разорниот земјотрес од 7,7 степени по Рихтеровата скала во петокот во неделата наутро следеше повторен земјотрес од 5,1 степени. Во Мјанмар и во соседен Тајланд во тек се спасувачки операии. Друштвото на Црвениот крст на Мјанмар мобилизираше стотици обучени волонтери да пружат помош во форма на прва помош, здравствена заштита и дистрибуција на предмети како што се ќебиња и хигиенски комплети.

ОСЛОБОДЕНА ЕНЕРГИЈА ЕДНАКВА НА 334 АТОМСКИ БОМБИ Со месеци ќе има земјотреси во Мјанмар

Обединетите Нации велат дека операциите за помош се попречени поради оштетените патишта и дека болниците особено во централниот и северозападниот дел на Мјанмар се борат да се справат со приливот на луѓе повредени во земјотресот.

– Ова не е само катастрофа; тоа е сложена хуманитарна криза накаламена над постојните ранливости. Големината на оваа катастрофа е значителна, а потребата за поддршка е итна – рече Александар Матеу, регионален директор за Азија Пацифик во МФРЦ.

Најмалку 76 луѓе останаа заробени под урнатините на урнатата зграда во Бангкок во соседен Тајланд, каде спасувачките операции продолжија трет ден. Најмалку 11 лица загинаа како резултат на уривањето на облакодерот.

Во градот Мандалеј, втор по големина во Мјнамар, од урнатините беше извлечена бремена жена. Таа во неделата беше прогласена за мртва, откако била 55 часа под урнатините, велат новинари на Франс Прес кои биле на местото на настанот.

Спасувачите мислеле дека го спасиле животот на Мату Ту Лвин (35), но не можеле да ја реанимираат откако ја извлекле од урнатините на станбениот комплекс Скај Вила.

 

Поврзани содржини