📽️ ВАКВА РАКЕТА ДОСЕГА СВЕТОТ НЕ ВИДЕЛ Кои нови оружја ги претстави Кина на парадата?

DF-5C стои на силос, што значи дека се лансира од објект ископан длабоко во земјата и е наменета како стратешко средство за одвраќање. Може да носи до 12 боеви глави во една ракета.

1,845

Нова, претходно невидена варијанта на кинеската интерконтинентална балистичка ракета (ICBM) Донгфенг, DF-5C, е забележана на воена парада во Пекинг, објави Би-Би-Си.

Воениот аналитичар Александар Нил тврди дека новата ракета има поголем дострел и може да носи повеќе боеви глави, до 12 на една ракета.






Станува збор за двостепена нуклеарна ракета која користи течно гориво, што значи дека нејзината траекторија е поттикната од две последователни ракетни фази, секоја со свој мотор.

DF-5C е стои на силос, што значи дека се лансира од објект ископан длабоко во земјата и е наменета како стратешко средство за одвраќање, вели Нил.

Фото: Принтскрин

 

 

Ласерот кој може да пржи електроника

Според Би-Би-Си, беше претставено и друго оружје за кое многу се шпекулираше во последните денови – ласерското оружје LY-1, поставено на врвот на оклопен камион со осум тркала.

Се вели дека ова ласерско оружје е многу моќно и може целосно да ја онеспособи и испржи секоја електроника, па дури и да го заслепи пилотот, според воениот аналитичар Александар Нил.

 

Волци роботи наместо роботи кучиња

Вниманието на меидумите на парадата го привлече и контингент од мали четириножни роботи, наречени роботи волци. Машините се способни за извидување на фронтовската линија, доставување залихи, па дури и лансирање прецизни напади врз цели, според кинеските државни медиуми.

Нивниот претходник, „роботските кучиња“, беше претставен на заедничка воена вежба со Камбоџа минатата година.

Но, тие беа преименувани во „волци“ како дел од „стратешка трансформација“, објави кинескиот државен медиум CCTV минатата година. Државните медиуми велат дека волците ја подобриле борбената ефикасност и способноста за удар – и се опремени со камери за попрецизно удирање во цели.

 

 

Поврзани содржини