ВАКЦИНИТЕ СЕ ДОБРИ ЗА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ Фондацијата на Бил Гејтс прави нови истражувања

„Вакцинацијата може да го подобри квалитетот на животот, перформансите на работа, да им овозможи на луѓето да продолжат со нормалните активности, да станат социјално поактивни, да се вратат во канцеларија или да добијат работа“, велат научниците од Универзитетот во Јужна Калифорнија кои учествувале во студијата.

438

Вакцините против ковид-19 имаат позитивен ефект на менталното здравје, вели фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс, која го испитала ова врз 8.000 вакцинирани Американци, пишува Јутарни. Вакцинацијата може да ги спречи штетните последици од заразата, па дури и недостатокот на интимен и меѓучовечки контакт.

„Вакцинацијата може да го подобри квалитетот на животот, перформансите на работа, да им овозможи на луѓето да продолжат со нормалните активности, да станат социјално поактивни, да се вратат во канцеларија или да добијат работа“, велат научниците од Универзитетот во Јужна Калифорнија кои учествувале во студијата.






Според научниците од овој Универзитет, позитивните ефекти почнуваат веќе по првата доза. Ова е особено важно кога населението веќе е под стрес заради мерките за носење маски и физичко растојание кои „создаваат чувство на изолација и осаменост кај луѓето и можат да предизвикаат стрес и вознемиреност“, велат Американските центри за контрола и превенција на болести.

Вакцинацијата може да ги спречи овие штетни последици, вклучително и „недостаток на интимен контакт“, за кој експертот од Сорбона, Луиз Кирш и колегите од Универзитетскиот колеџ во Лондон велат дека е „поврзан со зголемена вознемиреност и поголема осаменост“.

Студијата Кирш пак, која беше спроведена за време на првото затворање минатата година, укажува на „важната улога на меѓучовечкиот и особено интимниот контакт во стресни времиња“.

„Интимниот, наспроти пријателскиот и професионалниот контакт, беше најмалку одречен во пандемијата, но токму второто се покажа како најважно за психолошкото здравје“, се вели во студијата.

Поврзани содржини