ВАКЦИНИРАНИТЕ ТРУДНИЦИ ГИ ЗАШТИТУВААТ СВОИТЕ БЕБИЊА ОД КОВИД-19 Сознанија од најнова студија

Научниците го измериле нивото на антитела во крвта од папочната врвца за да утврдат дали имунитеот доаѓа од зараза со ковид-19 или од вакцината. На нивно изненадување, сите 36 новороденчиња во студијата, чии мајки во текот на бременоста примиле вакцина од Модерна или од Фајзер имале заштитни антитела.

306

Според најновата студија, вакцинираните трудници ги заштитуваат од ковид-19 и своите бебиња.

Научниците го измериле нивото на антитела во крвта од папочната врвца за да утврдат дали имунитеот доаѓа од зараза со ковид-19 или од вакцината. На нивно изненадување, сите 36 новороденчиња во студијата, чии мајки во текот на бременоста примиле вакцина од Модерна или од Фајзер имале заштитни антитела.






За да утврдат дали антителата настанале поради вакцинацијата или поради инфекција по природен пат, научниците барале специфични антитела кои се појавуваат по вакцинацијата или по прележана болест, но и во протеинот нуклеокапсид, кој е присутен само во случај на инфекција.

Од 36 трудници 31 развила имунитет по пат на вакцинација. Останатите пет не биле тестирани на протеинот нуклеокапсид, па научниците не можат со сигурност да кажат како дошло до создавање на заштита, пишува Блумберг.

– Резултатите покажуваат многу охрабрувачко ниво на антитела во крвта од папочната врвца – вели гинекологот Линда Екерт од Универзитетот во Вашингтон.

Во меѓувреме, компанијата Фајзер иницирала сопствена студија за ефектот на својата вакцина во текот на бременоста и на новородените деца, но таа е одложена поради етички прашања за употребата на плацебото.

Според податоците на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, до 11 септември само 30 отсто трудници на возраст од 18 до 49 години примиле две дози вакцини.

Студијата High antibody levels in cord blood from pregnant women vaccinated against COVID-19, објавена е во списанието American Journal of Obstetrics & Gynecology-Maternal Fetal Medicine.

 

Поврзани содржини