Вакцината на „Модерна“ доби зелено светло во САД
Одобрувањето на вакцината беше поддржано од 20 членови на одборот, со еден воздржан, една недела откако истото тело даде согласност за вакцината, што е заеднички произведена од компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“.
Советодавниот одбор на американската Агенција за храна и лекови (ФДА) одобри итна употреба на вакцината против коронавирусот, изработена од компанијата „Модерна“, производител на лекови со седиште во Масачусетс и Националниот институт за здравство (НИХ).
Одобрувањето на вакцината беше поддржано од 20 членови на одборот, со еден воздржан, една недела откако истото тело даде согласност за вакцината, што е заеднички произведена од компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“.
Како што пренесува Гласот на Америка, се очекува ФДА да го усвои мислењето на одборот и да ја одобри употребата на вакцината на компанијата „Модерна“, по што ќе започне нејзината дистрибуција.
Американскиот министер за здравство Алекс Азар за Си-Ен-Би-Си изјави дека 5,9 милиони дози се наменети за дистрибуција низ цела Америка.
Претходно оваа недела, регулаторите на ФДА ги потврдија тврдењата на „Модерна“ за безбедноста и ефикасноста на вакцината