Вакцината на Бионтек/Фајзер веќе нема да се чува на арктички температури

Податоците за стабилност, што компаниите ги доставија до американскиот регулатор, покажуваат дека вакцината може да се чува на нормални температури во замрзнувачот од минус 15С до минус 25С до две недели.

829

Вакцината на производителите Бионтек/ Фајзер веќе не треба да се чува на ултра-ниски температури, покажува последното испитување. Тоа ќе овозможи драматично проширување на дистрибуцијата, објави лондонскиот весник „Фајненшел тајмс“.

Податоците за стабилност, што компаниите ги доставија до американскиот регулатор, покажуваат дека вакцината може да се чува на нормални температури во замрзнувачот од минус 15С до минус 25С до две недели, во споредба со претходните потребни услови за чување помеѓу минус 60С и минус 80С .






Угур Сахин, извршен директор на BioNTech, рече дека можноста за складирање на вакцината на повисоки температури ќе им даде на центрите за вакцинација „поголема флексибилност“, додавајќи дека компанијата продолжува да развива нови формули за да гја направи вакцината  „уште полесна за транспорт и употреба“.

Вакцината на овие производители е прва што доби одобрување за употреба од регулаторот на Велика Британија, САД и ЕУ минатата година, но потребата за складирање и транспорт  под минус 60C го компликуваше нејзиниот транспорт.

 

Поврзани содржини