Вакцината на АстраЗенека се тестира кај деца

Тестовите треба да покажат дали оваа вакцина е ефикасна кога се дава на деца на возраст од шест до 17 години, а истражувањето ќе вклучи 300 волонтери кои ќе ја примат првата вакцина овој месец.

287

Универзитетот Оксфорд почна со тестирање на ефектот на вакцината АстраЗенека кај деца кои се вакцинираат за првпат, соопшти денеска универзитетот.

Тестовите треба да покажат дали оваа вакцина е ефикасна кога се дава на деца на возраст од шест до 17 години, а истражувањето ќе вклучи 300 волонтери кои ќе ја примат првата вакцина овој месец.






Вакцината на АстраЗенека е наречена „вакцина за целиот свет“ затоа што е поевтина и полесна за дистрибуција од вакцините на конкуренцијата, а од седиштето на оваа фармацевтска компанија е најавено производството на над 200 милиони дози месечно.

Поврзани содржини