ВАКЦИНАЦИЈАТА Е ЛЕК И ЗА ЕКОНОМИЈАТА Завршувањето на пандемијата ќе обезбеди глобален раст од 5,6 отсто

Потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија смета дека панедмијата нема да заврши се додека сите не добијат пристап до вакцинација, вклучително и неразвиените земји. Забавувањето на вакцинацијата, ќе го забави и економското закрепнување.

269

Вакцинацијата не само што спасува животи, туку претставува и единствена можност за економско закрепнување, порача потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија, Ана Бјерде од првиот панел на конференцијата „Економско заздравување и раст по ковид“ што се одржува денеска и утре во Скопје.

Како што истакна Бјерде, панедмијата нема да заврши се додека сите не добијат пристап до вакцинација, вклучително и неразвиените земји. Забавувањето на вакцинацијата, ќе го забави и економското закрепнување.






– Еден од клучните предизвици за побрзо економско закрепнување е да се вакцинира што е можно поголем број од населението. Со вакцинацијата ќе се спасат животи, но тоа е и единствена можност за економско закрепнување – напомена Бјерде.

Одржливото закрепнување е неопходно, подвлече Бјерде, а пандемијата не предизвика само пречки, туку даде и можности.

– Климатските промени и социјалните нееднаквости се клучни предизвици за кои се потребни акции и политики. Фокус треба да се стави и на зелената економија. Тоа зналчи забрзување на енергетските транзиции и инвестиции за подобрување на квалитетот на животот и здравјето на луѓето. До нови работни места, раст и продуктивност може да доведат и инвестициите во образованието – рече Бјерде.

Таа потсети и на прогнозите кои годинава предвидуваат раст на глобалната економија од 5,6 отсто.

Поврзани содржини