📽️ ВАКА ЗАПОЧНА БРУТАЛНИОТ ИЗРАЕЛСКИ НАПАД ВО ДОХА Чад се издигаше над населбата, се слушнаа најмалку пет детонации

Израел потврди дека со прецизен удар во Доха го таргетирал врвното раководство на Хамас.

3,289

Израел изврши серија прецизни напади врз главниот град на Катар, Доха, насочени кон она што го нарекува врвното раководство на Хамас.

Нападот се случил кратко пред 16 часот по локално време, кога во градот се слушнале неколку експлозии. Чад се издигал над катарската населба, а жителите рекле дека слушнале најмалку пет гласни детонации.






Детали за нападот

Снимки од надзорните камери од нападот беа објавени на социјалните мрежи, на кои се гледаат неколку експлозии во станбен комплекс на улицата Вади Рон, северно од центарот на Доха, недалеку од амбасади, училиште и бензинска пумпа.

Хамас потврди за Ал Џезира дека неговата преговарачка делегација била цел на состанокот во Катар, но организацијата подоцна соопшти дека раководството го преживеало нападот, иако Ал Арабија првично објави дека главниот преговарач на Хамас, Калил ал-Хаја, бил убиен во нападот.

 

Изворите подоцна додадоа дека Захер Џабарин, Халед Машал и Низар Авадалах исто така биле цел на нападот. Хамас потврди за Ал Џезира дека неговата преговарачка делегација била цел на состанокот во Катар, но организацијата подоцна соопшти дека раководството го преживеало нападот.

Членот на политичкото биро на Хамас, Сухеил ал Хинди за катарската телевизија Ал Џазира изјави дека во денешниот израелски напад во Доха има неколкумина загинати, но оти лидерите на движењето преживеале.

Лидерите на Хамас го преживеаја овој кукавички обид за атентат, вклучително и главниот преговарач Халил ал Хаја, наведе ал Хинди.

Тој додаде дека во нападот настрадале синот на Хаја и директорот на неговата канцеларија.

Во меѓувреме, Хамас објави соопштение во кое се наведува дека во израелскиот напад загинале шест лица, но оти преговарачкиот тим преживеал.

„Го потврдуваме неуспехот на непријателот да изврши атентат на нашата преговарачка делегација. Нападот е потврда дека (премиерот Бенјамин) Нетанјаху и неговата Влада не сакаат да постигнат никаков мировен договор“, се наведува во соопштението на Хамас.

Исто така се посочува и оти во нападот загинале шест луѓе.

Израелска потврда и меѓународна реакција

Израелската војска и безбедносната служба Шин Бет потврдија дека извршиле „прецизен удар врз високото раководство на терористичката организација Хамас“, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека лично ја одобрил операцијата.

– Напладне ги собрав раководителите на безбедносните служби и одобрив хируршки прецизен удар врз лидерите на Хамас – рече Нетанјаху.

Тој додаде дека ова е исполнување на ветувањето дадено по масакрот на 7 октомври.

 

Катар остро го осуди нападот, нарекувајќи го грубо кршење на меѓународното право и повреда на националниот суверенитет. Остри осуди дојдоа и од други арапски земји, а генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го прогласи за „грубо кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Катар“ и ги повика сите страни да работат кон траен прекин на огнот.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас го нарече израелскиот напад „опасна ескалација што ја загрозува безбедноста на регионот и светот“, додека францускиот претседател Емануел Макрон рече дека нападот е неприфатлив и предупреди дека војната не смее да се прошири на целиот регион под никакви околности.

Вклученост на САД и последици за регионот

Белата куќа потврди дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп била информирана за израелската операција пред таа да биде спроведена, што покренува прашања за нивото на вклученост на САД, со оглед на тоа што околу 10.000 американски војници се стационирани во Катар.

Нападот на катарска територија дополнително ги зголеми тензиите на Блискиот Исток, а останува нејасно колку точно лидери на Хамас биле погодени и какви ќе бидат последиците за преговорите за прекин на огнот во Газа.

Поврзани содржини