ВАКА ШВЕРЦЕРИТЕ ПРЕНЕСУВААТ БЕГАЛЦИ ОД КАБУЛ ДО ТУРЦИЈА Ако ние не го сториме тоа, некој друг ќе го стори тоа

За Бавер, луѓето што ги минува преку граница се негови „гости“. Шверцерите имаат свој жаргон што наводно ја отежнува работата на полицијата. И, исто така, користат апликации за разговор како Ватсап или Телеграм, кои потешко е да се следат.

898

Талибанците повторно се на власт во Авганистан и многумина плаќаат шверцери да ги прошверцуваат преку Пакистан и Иран во Турција. Еден од шверцерите за Дојче веле изјави како изгледа тој опасен пат.

– Брат, трговијата со луѓе постои уште од првото повлекување на границите. И додека постојат граници, бизнисот ќе продолжи – вели Бавер, 32-годишен шверцер.






Работи на границата меѓу Иран и Турција. Тој не сака да се сретне во живо со новинари, па тие разговараат преку Ватсап. За да го заштити својот идентитет, тој користи мобилен телефон на еден од неговите познаници, пишува Дојче веле.

Бавер вели дека е на прилично висока позиција во својата организација. Тој е задолжен за пренесување на бегалците во „безбедна зона“ во близина на турскиот град Ван во источна Анадолија.

– Веќе пренесов илјадници преку граница – гордо вели Бавер.

Но, тој не сака да открие каде ја минува границата меѓу Иран и Турција. Тоа може да доведе до дефект на целата мрежа на шверцери, која наводно работи во Авганистан, Пакистан, Иран, Турција, па дури и во Европа.

За Бавер, луѓето што ги минува преку граница се негови „гости“. Шверцерите имаат свој жаргон што наводно ја отежнува работата на полицијата. И, исто така, користат апликации за разговор како Ватсап или Телеграм, кои потешко е да се следат.

Криумчарење без граници

Од Авганистан веќе со години луѓето си заминуваат, па поради тоа цвета бизнисот на шверцерите.

Надоместокот за пренесување мигрант од Авганистан во Истанбул изнесува 1.500 американски долари. Цените се зголемија по враќањето на Талибанците, меѓу другото и затоа што турските граници се подобро чувани.

Бегалците од Авганистан имаат долг пат за да стигнат до областа на Бавер на турската граница. Тој вели дека шверцерските организации се составени од илјадници луѓе од различни земји.

Во секоја земја – Авганистан, Пакистан, Иран и Турција – постојат таканаречени „гаранти“. Тоа се посредници кои го преземаат целиот надомест кој го плаќаат бегалците, а потоа им плаќаат на индивидуалните шверцери на крајот од нивната фаза.

За тоа се користи „Хавала“, неформален платежен систем популарен во исламскиот свет, кој ги заобиколува традиционалните банки.

Долгиот пат до Турција

Првата фаза: Кога се собира група од 30 до 40 луѓе, тие се транспортираат од Кабул до границата со Пакистан. Шверцерите генерално го избегнуваат патот до границата со Иран, бидејќи таа рута е крајно опасна.

На границата со Пакистан, мигрантите ги преземаат шверцери од пограничниот регион Балучистан. Кога ќе пристигнат во Пакистан, започнува следната фаза, долго и тешко патување до иранската граница, каде што тројца или четворица шверцери ја делат работата. Целта е мигрантите да се доведат до претходно договорената „нулта точка“ на иранската граница.

Кога ја минуваат границата, шверцерите ги собираат од различни локации во провинцискиот регион Иран и ги возат до Техеран. Оттаму, тие се ставаат во автобуси и се транспортираат до градовите Мака и Кои во западен Иран. Бегалците потоа пристигнуваат во селата на границата со Турција. Шверцерите во регионот имаат одлични врски со иранската полиција.

„Секогаш ќе има трговија со луѓе“.

И тогаш, последниот чекор: Во групи од 40 до 50 луѓе, Авганистанците минуваат една од вкупно петте тајни правци до турската територија. Патувањето започнува во самрак и главно завршува до зори. Потоа мигрантите стигнуваат до Догубајазит, Чалдиран, Озалпа и Сарај. Бавер веќе е задолжен за тоа.

Во интервју за ДВ, тој вели дека не разбира зошто неговата работа е нелегална. Неговиот став е дека криумчарите им помагаат на луѓето чии животи се во опасност. Сепак, тој не сака да открие колку заработува од својата работа.

– Не правиме ништо лошо. Не шверцуваме дрога или оружје. Она што го правиме е како тркало што ќе се врти засекогаш. Секогаш ќе има трговија со луѓе. Ако не го сториме тоа, секогаш ќе го прави некој друг. Тоа го правеа нашите дедовци, а нашите деца ќе продолжат – вели Бавер.

Поврзани содржини