ВАКА СЕ СПРАВУВА СО КОРОНАТА Нов Зеланд останува затворен до крајот на годината
Нов Зеланд е меѓу најуспешните земји во светот во борбата против ковид-19 и во контролата на пандемијата.
Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, рече дека границите на земјата ќе останат затворени до крајот на годината, како дел од борбата против пандемијата со коронавирусот.
– Не сме во состојба целосно да се отвориме. Кога ќе започнеме, тоа ќе биде внимателено и намерен потег, бидејќи сакаме да го направиме со што е можно поголема сигурност – рече Ардерн.
Според неа, „стратегијата за елиминација“ е најдобриот начин да се „задржи“ ковид-19 и да се одржи економијата отворена.
Таа посочи дека приоритет е вакцинирање на населението до крајот на годината, пренесува Би -Би -Си.
Нов Зеланд е меѓу најуспешните земји во светот во борбата против ковид-19 и во контролата на пандемијата.
Досега се регистрирани само 26 смртни случаи кај нешто помалку од пет милиони жители.