ВАКА ПОВЕЌЕ НЕ БИДУВА Мицкоски побара власта веднаш да престане да преговара за идентитетот, јазикот и историјата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во врска со вчерашните случувања во собранието посочи дека тоа е дефокус од тоа што следи, одлуката на РКЕ за новата цена за електрична енергија, дефокус од тешкиот живот и од власта не најдоа друг начин и се обидоа со дивјаштво да го направат.

730

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на општина Ѓорче Петров, кажа дека власта мора да прекине со преговори за македонскиот идентитет, јазик историја, да се вратат од Софија и да кажат дека преговори ќе продолжат само кога ќе има услови да се сочува нашето достоинство.

Мицкоски истакна дека очекува од власта веднаш да престане да ги распродава македонските државни и национални интереси.






– Јас очекувам да престанат да ги распродаваат македонскиот идентитет, култура, наследство, историја, тоа очекувам од овие ако можам така да ги наречам македонски официјални лица, тоа очекувам. Веднаш да престанат, да се вратат од Софија и да кажат дека работата не бива, престануваме во овој момент, кога ќе се создадат услови тогаш ќе продолжиме, во овој момент очигледно не постојат услови со кои што можеме да го сочуваме нашето достоинство. Ете тоа очекувам – потенцираше Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во врска со вчерашните случувања во собранието посочи дека тоа е дефокус од тоа што следи, одлуката на РКЕ за новата цена за електрична енергија, дефокус од тешкиот живот и од власта не најдоа друг начин и се обидоа со дивјаштво да го направат.

– Ги жалам тие луѓе на кои овој човек ќе им биде педагог и е ги образува да бидат утре академски граѓани. Наместо денеска да излезе и да се извини и да побара прошка од јавноста, го гледаме оправдувања – изјави Мицкоски.

Мицкоски додаде дека уште потрагично е што нивниот колиционен партнер СДСМ извади пратеници кои од 2020 досега немаат ниту една дискусија, но затоа вчера имаа статуси на социјалните мрежи како овој бил најдобар претседател на комисијата за европски прашања.

– Катастрофална ситуација, но ќе се бориме, нема да се откажеме, одиме до целта до победа. Знаат дека им доаѓа крајот и во паника прават вакви дивјачки работи. Логично е да понесат одговорност но како се однесуваат СДСМ и ДУИ не очекувам дека ништо ќе се случи, но ќе дојде денот кога ќе има одговорност. Институциите ќе ги преземат луѓе кои се демократски расположени, кои веруваат во европски вредности и нема да има вакви дивјачки чинови – рече Мицкоски.

Поврзани содржини