ВАЈЦ БАРА РАЗЈАСНУВАЊЕ НА ПРОТОКОЛОТ СО БУГАРИЈА Ниту една друга кандидатура не e условена со идентитетско-политички прашања

Доколку протоколот содржи идентитетско-политички услови (толкувања на историјата, лингвистичка класификација, содржина на учебници), ова може да биде во конфликт со заштитата на македонскиот национален идентитет и јазик што самата ЕУ постојано го признава. Ниту една друга кандидатура за пристапување не е оптоварена со споредливи барања за идентитетско-политички прашања од една земја-членка, се вели во нон-пејперот до Европскиот парламент испратен од известувачот за Македонија, австрискиот европратеник Томас Вајц.

244

Известувачот за Македонија, Томас Вајц, во нонпејпер до Европскиот парламент побара разјаснување дали вториот протокол од седниците на Мешовитата македонско-бугарска комисија е обврзувачки во македонската кандидатура за членство во Европската унија.

Дали протоколот е обврзувачка компонента на преговарачката рамка на ЕУ или само билатерален инструмент меѓу земја-членка и земја-кандидат, без директно правно дејство во Унијата, повикувајќи се на членовите 2 и 49 од Договорот за ЕУ за почитување на човековите права, е прашањето во нонпејперот поврзан со амандманот 108 за извештајот за Македонија






„Доколку протоколот содржи идентитетско-политички услови (толкувања на историјата, лингвистичка класификација, содржина на учебници), ова може да биде во конфликт со заштитата на македонскиот национален идентитет и јазик што самата ЕУ постојано го признава. Ниту една друга кандидатура за пристапување не е оптоварена со споредливи барања за идентитетско-политички прашања од една земја-членка. Ова го поставува прашањето дали структурниот диференцијален третман на земјите-кандидатки во процесот на пристапување е компатибилен со општиот принцип на еднаквост“, се вели во документот.

Поврзани содржини