„ВАЊА ЈА ПЛАТИ ЦЕНАТА“ Агелер впери прст во институциите што ги оставиле криминалците на слобода
Ова е трагедија и се надевам дека оваа држава, граѓаните, институциите и државните претставници ќе се погледнат во огледало и ќе прашаат што правевме, што треба да направиме сега за да бидеме сигурни дека вакво нешто никогаш повеќе нема да се случи - истакна американската амбасадорка Анџела Агелер.
Американската амбасадорка Анџела Агелер, во емисијата „Стадион“ на Канал 77, упати остри критики до македонските институции за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска кои, како што посочи, ги оставиле криминалците на слобода иако знаеле дека се криминалци, а цената ја плати младата девојка.
– Дозволете да ви кажам искрено, како што претходно денес реков, системот не успеа да и помогне на таа млада девојка. Се работи за криминалци за кои се знаело дека се криминалци, дека се насилни и не се во затвор. Не биле претходно апсени и затворени. Не биле апсени и гонети за нивните претходни злосторства, не морале да ја платат таа цена, па цената ја плати една млада девојка. Вања ја плати цената – рече Агелер.
Американската амбасадорка истакна дека институциите треба да се запрашаат што можеле да сторат за да се спречи ваква трагедија и зошто дозволуваат криминалците слободно да се движат и да вршат злодела.
– Апасолутно е срцепарателно. Апсолутно е срцепарателно. Сега не е време за политизација, туку време за институциите да фрлат еден безмилосен поглед на себе и да се прашаат што можевме да сториме за да ја спасиме оваа млада девојка и сите други деца во земјава? Зошто дозволуваме криминалците слободно да се движат и да вршат злодела врз кого било во државата? Ова е трагедија и се надевам, се молам, дека оваа држава, граѓаните, институциите и државните претставници ќе се погледнат во огледало и ќе прашаат што правевме, што треба да направиме сега за да бидеме сигурни дека вакво нешто никогаш повеќе нема да се случи – истакна Агелер во разговорот за Канал 77.