В ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ИМА ОДЛУКА ЗА ИЗВЕДУВАЧ ЗА УНИВЕРЗАЛНА САЛА Ќе мора да се испочитува рокот од 8 дена за жалба
Комисијата работи и процесот е веќе во завршна фаза. Одлуката за избор ќе биде донесена в понеделник, информира министерот за култура одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за претстојниот Саем за туризам, што ќе се одржи викендов во Скопје.
В понеделник ќе биде донесена одлуката за изведувач на Универзалната сала, но ќе мора да се причека рокот од осум дена за поднесување жалба, изјави денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.
Како што нагласи Љутков, едната постапка е завршена, а втората е во фаза на евалуација.
– Комисијата работи и процесот е веќе во завршна фаза. Одлуката за избор ќе биде донесена в понеделник – информира министерот одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за претстојниот Саем за туризам, што ќе се одржи викендов во Скопје.
Во врска со пресудите за платите во културата, Љутков истакна дека сè уште стои на истиот став.
– Јас не ги добивам лично пресудите од првостепениот суд, некој друг веројатно ги добива пред да ги добиеме ние. Јас подоцна се информирам од институциите кога ќе стигнат, но знам дека пред три дена една од одлуките, првата од првостепениот од Битола, беше обжалена и Апелација одлучи во корист на институцијата – рече министерот.