Ужасна болка: Меланија откри со што се лекувала од ковид-19 кој го спореди со „возот на смртта“

1,883

Барон Трамп (14), најмладиот син на американскиот претседател, бил заразен со коронавирус кога биле заразени и неговите родители, но немал никакви симптоми, објавила Меланија Трамп во есејот од 700 зборови кој е објавен на официјалната страница од Белата куќа. Есејот има наслов: „Моето искуство со ковид-19“.

– Штом дознавме дека сме заразени, прво помислив на синот – признала Меланија.






Како што открила правата дама на Америка, Барон прво бил негативен, но по неколку денови бил повторно тестиран и тогаш се покажало дека е заразен.

„За среќа Барон е силен тинејџер и немаше никакви симптоми. На еден начин ми беше мило што само ние тројца поминавме низ ова истовремено, бидејќи можевме да се грижиме едни за други и да го поминуваме времето заедно. Во меѓувреме и тој стаба негативен“, напишала Меланија.

Познато е дека Меланија сака својот син да го заштити од вниманието на јавноста, па не е нималку чудно што јавноста не го видела од август.

Меланија открила и дека таа не била во болница затоа што имала „минимални симптоми“, но и покрај тоа ја удриле како „возот на смртта во лунапарк“. Таа додала и дека го избрала „природниот пат“, односно витамините и здравата исхрана, наместо тешките лекови коишто морал да ги зема нејзиниот сопруг.

„Имав среќа што мојата дијагноза беше со минимални симптоми, иако ме удријаа одеднаш и изгледаа како возот на смртта неколку дена. Ме болеше целото тело, кашлав и ме болеше главата, бев многу изморена цело време. Го избрав природниот пат на медицината, давајќи им предност на витамините и здравата исхрана“, напишала Меланија.

 

Поврзани содржини