УЗБУНА ВО ШТИПСКИОТ ЗАТВОР По пошта пристигнал пакет во кој имало марихуана

„Полициски службеници извршиле увид и ја подигнале дрогата за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, наведено е во полицискиот билтен.

374

Вчера во 13.42 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во пакет, кој пристигнал по пошта за осуденикот Х.С.(28) од Скопје, била пронајдена марихуана, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Полициски службеници извршиле увид и ја подигнале дрогата за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, наведено е во полицискиот билтен.

Поврзани содржини