УТРОВО ВО 7 ЧАСОТ ТРГНАЛЕ ЗА БИТОЛА И СЀ УШТЕ ПАТУВААТ Возот од Скопје доцни веќе цели 5 часа!

Патници од возот изјавиле дека најпрво чекале час и половина во Зелениково, а потоа неколку часа во Богомила.

4,269

Патничкиот воз со број 641 кој се сообраќа на релацијата Скопје-Битола, а кој утрово тргна од железничката станица во Скопје во 6:53 според возниот ред, а кој во Битола требаше да пристигне во 10:20 часот, сè уште не е пристигнат, објави Тера.

Патници од возот изјавиле дека најпрво чекале час и половина во Зелениково, а потоа неколку часа во Богомила.






Од железничката станица во Битола истакнале дека возот сè уште не е пристигнат и дека немаат информации кога ќе пристигне.

Во меѓувреме, во 14:30 часот, возот од Богомила тргнал кон Битола, велат патиниците кои се револтирани од долгото патување.

Поврзани содржини