УТРОВО ПОЛЕСНО СЕ МИНУВААТ ГРАНИЦИТЕ На Табановце и на Богородица се чека само 15 минути
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
На граничните премини утрово нема големи застои. На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 15 минути. Исто толку се чека и на преминот Богородица, соопшти Авто мото сојузот.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.