УТРОВО НАЈСТУДЕНО Е НА ПОПОВА ШАПКА Температура под нулата има и во неколку градови во земјава

Снежна покривка има само на Попова Шапка со висина од 10 сантиметри.

58

Најстудено утрово е на Попова Шапка каде се измерени -7 степени, во Маврово е -4, во Крушево, Дебар и во Охрид -2, во Тетово -1.

На другите места температурата е над нулата, во Скопје 4, а најтопло е во Гевгелија со 6 степени.






Снежна покривка има само на Попова Шапка со висина од 10 сантиметри.

Во текот на ноќта преовладуваше променливо облачно време со повеќе облачност во источните делови. Утринава е умерено до значително облачно со слаб ветер од северен и североисточен правец.

Поврзани содржини