УТРОВО ЛАДНО ВО ЦЕЛАТА ЗЕМЈА Во Лазарополе измерени само 2 степена

Највисока температура од 10 степени е измерена во Демир Капија и Дојран.

62

Утрово е најстудено во Лазарополе, 2 степена, а највисока температура од 10 степени е измерена во Демир Капија и Дојран.

До 8.30 часот се измерени 3 степени во Берово, Битола, Маврови Анови и на Попова Шапка, 5 во Прилеп, 6 во Крива Паланка, Претор, Струмица, Крушево, Скопје-Петровец и во Тетово, 7 во Виница, Охрид и Дебар, како и 8 во Гевгелија, Штип, Куманово и во Скопје-Зајчев Рид.

Поврзани содржини