УТРИНСКА МАГЛА И ТЕМПЕРАТУРИ ОКОЛУ НУЛАТА Облачното време ќе трае и наредните денови

До петок ќе се задржи стабилно време со слаб, наместа умерен јужен ветер. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност и таму температурите ќе се задржат пониски.

193

Времето денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурите ќе се движат од минимални -2 до максимални 13 степени.






Во Скопје се очекува променливо облачно време со појава на магла. Минималните температури ќе достигнат нула, а максималните 6 степени во текот на денот.

До петок ќе се задржи стабилно време со слаб, наместа умерен јужен ветер. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност и таму температурите ќе се задржат пониски.

Во останатите места ќе биде релативно топло, особено на планините каде ќе има постепено топење на снежната покривка.

В петок попладне и за време на викендот ќе има повремени врнежи кои најпрво ќе бидат од дожд, а поради спуштање на постудена воздушна маса со северен ветер постепено ќе преминуваат во снег.

Поврзани содржини