УТРИНАВА НА КОСОВО МИРНО, БАРИКАДИТЕ ТРГНАТИ Уште е неизвесно, ранетиот Србин вон животна опасност
Дали е ова предизборна кампања на Албин Кутри, во која тој сакаше да испрати порака до своите гласачи дека никој не е заштитен, па ни Србите на северот од Косово?
Се смири драмата во северниот дел од Косовска Митровица, од утринава барикадите се тргнати од патиштата, а ранетиот Среќко Софронијевиќ е вон животна опасност и сè уште е на интензивна нега, вели известувач за Н1. Сепак, стравот дека ова може пак да ескалира остана кај граѓаните.
Дали е ова предизборна кампања на Албин Кутри, во која тој сакаше да испрати порака до своите гласачи дека никој не е заштитен, па ни Србите на северот од Косово? Косовскиот министер за внатрешни работи Џељал Свечља изјави дека акцијата не е насочена против која било националност, туку против криминалци кои шверцувале нелегална стока на територијата на Косово.
Како изреагира Белград? Српскиот претседател, Александар Вучиќ, вчера во Рашка рече дека Белград ќе се обиде да го зачува мирот, порачувајќи им на Србите од Косово да го заштитат својот народ и дека ќе биде со нив доколку има насилство.
Инцидентите се случија вчера во Звечане и во Косовска Митровица, каде полицијата, како што беше објавено, „спроведе акција против шверцување стока“.