Владата вечера најави за утре во 10 часот примопредавање на вакцините против ковид-19 од Србија, на граничниот премин Табановце.
Од Владата велат дека на примопредавањето ќе учествува делегација од Република Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ, а негов домаќин ќе биде премиерот Зоран Заев.
Станува збор за пратката од 8.000 вакцини на „Фајзер“.
Пратката вакцини од Србија требаше да пристигне во понеделникот, но беше одложено поради технички причини.