УТРЕ ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА ПРЕМИНОТ БЛАЦЕ Ќе биде пуштен системот „One Stop Shop“
На настанот ќе присуствуваат високи македонски и косовски владини делегации, министри, вицепремиери, предводени од премиерите на Македонија и на Косово, директори на државни управи, како и претставници на дипломатскиот кор во државата.
Скопската полиција ќе спроведе посебен режим на правецот Блаце – скопска обиколница утре, на 12 април, поради настан на граничниот премин Блаце. Во 11 часот на границата ќе биде пуштен во употреба системот на заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ и ќе се одржи свечена церемонија.
На настанот ќе присуствуваат високи македонски и косовски владини делегации, министри, вицепремиери, предводени од премиерите на Македонија и на Косово, директори на државни управи, како и претставници на дипломатскиот кор во државата.
„Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај во периодот од 10.30 до 12.00 часот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на патниот правец граничен премин Блаце – скопска обиколница.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници“, се вели во полициското соопштение.
Следниот ден, во недела на 13 април, на булеварот Илинден во Скопје ќе биде спроведен посебен режим поради 13. издание на „Авицена Женска Трка“ во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје.