УТРЕ НОВ ДЕН, НОВ ПРЕДИЗВИК ЗА КЛУБОВИТЕ Се отвора бугарски културен центар во Скопје

На свеченото отворање на новите простории на Културно-информативниот центар на улицата Вапцаров бр 6 ќе допатува делегација од Бугарија, предводена од министерот за култура.

817

Бугарскиот културен центар во Скопје, кој сега функционира во рамките на амбасадата на Република Бугарија на улица Петар Поп-Арсов бр 14-а во Скопје, утре се сели во нови простори на улица Никола Јонков Вапцаров, број 6, дознава Плусинфо,

Новите простории на клубот ќе бидат свечено пуштени во употреба во 12:45 часот, а по тој повод во Скопје ќе допатува делегација од Бугарија предводена од министерот за култура на Република Бугарија Велисав Минеков.






За разлика од претходно отворените бугарски културни клубови, кои се отворија во Охрид и во Битола, и беа приватни, ова е државен клуб со официјално име Културно информативен центар на Република Бугарија во Скопје. Тој е отворен пред неколку години врз основа на меѓудржавна спогодба на двете земји од 18 април 2003 година. Оваа спогодба е потпишана од тогашната министерка за култура на Република Македонија Ганка Цветанова и тогашниот министер за надворешни работи на Бугарија Соломон Паси.

Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје располага со библиотека, читална и салон за одржување културни настани, промоции, изложби и филмски проекции.

 

 

Поврзани содржини