УТРЕ НЕКОЛКУ УЛИЦИ ВО КАРПОШ БЕЗ ВОДА Од 9.00 ќе секнат чешмите на неколку улици во близина на Бриселска

1,375

Утре, 3 јануари, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата, без вода ќе останат корисниците од улиците Бриселска, Софиска, Стокхолмска и Његошева во општина Карпош.

Ќе се изведува водоводен приклучок од ф-100 мм на улицата Бриселска бб, соопшти ЈП Водовод и Канализација.

Поврзани содржини