УТРЕ НÈ ЧЕКА ТОПОЛ ДЕН СО МАГЛА НАУТРО Слаб до умерен ветер, а на моменти и засилен долж Повардарието

Метеоролозите најавуваат сончево и релативно топло време, со утринска магла и мала до умерена облачност која ќе се намалува во текот на денот.

321

Метеоролозите за утре нѐ информираат дека ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од – 3 во Берово до 4 во Гевгелија, а максималните дневни од 10 во Маврово и 15 Целзиусови степени во Гевгелија.






Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од -1 до 12 степени.

В петок нѐ сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од -3 степени до 3 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 8 степени до 14 степени.

Метеоролозите за во сабота најавуваат дека ќе сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од -4 степени до 2 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 9 степени до 15 степени.

Поврзани содржини