УТРЕ И ЗАДУТРЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ Во Македонија пристигнува висока делегација од Бугарија
Во соопштение, од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Министерството за внатрешни работи информира дека утре и задутре, поради посета на делегација предводена од претседателот на Народното собрание на Република Бугарија, Росен Желјазков, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците во централното подрачје на Скопје.
Во соопштение, од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.