УТРЕ И ЗАДУТРЕ ОГРАНИЧЕНО ДВИЖЕЊЕ НИЗ „ЈАСЕН“ Ќе се работи на патот Нова Брезница – Коломонт

АМСМ информира дека е потребно да се стават во прекин термините за движење низ Н.П. „Јасен“ од Скопје кон Македонски Брод од 12.00 до 12.45 часот, а од Македонски Брод кон Скопје од 10.30 до 11.00 и од 13.00 до 13.45.

92

Поради изведување градежни работи на патниот правец Р1106 Нова Брезница – Коломонт утре и задутре ќе има прекини во движењето низ Националниот парк „Јасен“.

АМСМ информира дека е потребно да се стават во прекин термините за движење низ Н.П. „Јасен“ од Скопје кон Македонски Брод од 12.00 до 12.45 часот, а од Македонски Брод кон Скопје од 10.30 до 11.00 и од 13.00 до 13.45.






АМСМ потстетува дека од 18 август е воспоставен времен режим на сообраќај на патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица поради асфалтирање во тек на работни денови од 09:00 до 15:30 часот. Работите треба да завршат до 19 септември.

До 1 октомври годинава, според сезонскиот режим на сообраќај, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила со вкупна маса до 3,5 тони.

Поврзани содржини