Технички зафати и поправки се причината што утре од 08 до 14 часот нема да има струја на ул.Пушкинова во Кисела Вода, а до 15 часот и на улиците 163,164,165 и Хусеин Бајрам во центарот на Скопје, велат во заедничко соопштение ЕВН и Водовод Скопје.
Улицата Среќко Пужалка во Гази Баба нема да има вода заради смена на цевка, а исто и улиците Виктор Иго, Невена Георгиева Дуња, Драга Стојановска и Дренак во Кисела Вода, до завршување на работите.
Задутре, в петок, вода ќе нема и во Аеродром на ул.Коста Новаковиќ и на Методија Шаторов Шарло.