Јутјуб денеска најави дека ќе ги ограничи содржините за корисниците во Европска Унија и во Велика Британија со цел да избегне преоптовареност на интернет серверите.
Јутјуб ќе го намали квалитетот на видеосодржините, односно корисниците нема да можат да гледаат во „фул ХД“ резолуција, туку таа ќе биде намалена со цел да се обезбеди интернет сообраќајот. Одлуката ќе биде во сила следните 30 дена.