Уставен: Објавени се неосновани и непримерени квалификации за уставните судии

452

Судот мора со жалење да констатира дека во голем број дел од денешните објави на медиумите, беа изнесени неосновани и непримерени квалификации за органот и уставните судии, се вели во  соопштението на Уставниот суд во врска со денешните објави од повеќе медиуми по однос на последното дополнување на Деловникот на Уставниот суд.

Притоа, како што е наведено во соопштението, најголем дел од вестите беа објавени без претходно да се побара било какво објаснување, туку истото беше побарано откако медиумите ја објавија веста.






Од Судот велат дека наскоро ќе објават посебно соопштение со кое ќе ја образложат оваа деловничка интервенција.

 

Поврзани содржини