Успехот во барањето за бенефициран стаж само ако во Комисијата бидат вклучени експерти од тие области, порачаа МАКАМТРАНС и ГРИТГ

500

Независниот синдикат на камионските транспортери на Македонија-НСКТМ  МАКАМТРАНС и Независниот синдикат на градежни работници инжинери и трговци во градежништвото-НС ГРИТГ денеска одржаа прес-конференција пред Владата во врска со нивното барање за бенефициран стаж на одредени профили на градежни работници, возачи на тешки транспортни возила, машинисти, хирурзи, лекари и сите други кои своите работни обврски ги извршуваат во специфични услови.

– Сакам да нагласам дека оваа проблематика не е почната оваа година, туку трае со години. Се сменија три влади, додека да дојдеме до оваа ситуација. Во одговорот од министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, таа навестува дека ќе имаме успех. Успехот ќе биде постигнат само ако Министерството вклучи експерти во Комисијата и ако не вклучи и нас – изјави Атанас Трајковски, претставник на Независниот синдикат на градежни инженери и трговски во градежништвото.






Како дел од градежниот сектор, Трајковски посочи дека нелогично е градежен работник од 60 години да биде качен на скеле и да извршува висинска работа.

Страшо Јованов од МАКАМТРА порача дека потребно е организираност, единство и заедништво од членовите на синдикатот со цел да бидат исполнети нивните барања

Поврзани содржини