УСПЕХОТ Е УШТЕ ПОГОЛЕМ АКО СЕ ЗНАЕ ДЕКА СЕ БОРЕШЕ СО ДИЈАБЕТЕС Саша, те знам од 10 години, му напиша Ѓоковиќ на колегата

Саша, те познавам уште од кога имаше 10 години. Со години имаме однос на почит и пријателство со целото твое семејство. Имавме безброј разговори за тенисот, животот и семејството, напиша Ѓоковиќ.

1

Александар Зверев ја освои првата грен-слем титула во кариерата, по што доби емотивна честитка од Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ на социјалните мрежи потсети дека нивното пријателство трае со децении и дека го следел патот на германскиот тенисер уште од детските денови.






„Саша, те познавам уште од кога имаше 10 години. Со години имаме однос на почит и пријателство со целото твое семејство. Имавме безброј разговори за тенисот, животот и за семејството“, напиша Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер истакна дека успехот е уште поголем ако се знае низ што минувал Зверев поради дијабетесот со кој живее уште од младоста.

– Знаејќи низ што мораше да поминуваш и колку напорно работеше за да стигнеш до оваа титула, можам само да кажам дека целосно го заслужуваш успехот – порача Ѓоковиќ.

Зверев со години важеше за еден од најдобрите тенисери без грен-слем титула. Со триумфот на Ролан Гарос конечно го освои најголемиот трофеј во кариерата и ги замолкна критичарите кои се сомневаа дека некогаш ќе стигне до врвот.

Поврзани содржини