ДЕФИБРИЛАТОРОТ МУ ГО СПАСИЛ ЖИВОТОТ Ериксен објасни што се случи на мечот со Украина

Ериксен соопшти дека е пуштен на домашно лекување и дека се чувствува добро. Според него, инцидентот бил предизвикан од активирање на вградениот дефибрилатор што го носи по срцевите проблеми од 2021 година.

0

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен се огласи откако колабираше за време на пријателскиот натпревар меѓу Данска и Украина, поради што мечот беше прекинат и подоцна откажан.

Ериксен соопшти дека е пуштен на домашно лекување и дека се чувствува добро. Според него, инцидентот бил предизвикан од активирање на вградениот дефибрилатор што го носи по срцевите проблеми од 2021 година.






– Сакам сите да знаат дека сум добро и дека сум дома со моето семејство. Ова беше поинаква ситуација од онаа во 2021 година – порача Ериксен.

Тој им се заблагодари на медицинските тимови и на лекарите кои со години се грижат за неговото здравје.

Лекарот на данската репрезентација Мортен Бозен изјави дека Ериксен многу брзо се освестил по инцидентот.

– Кристијан многу брзо се освести. Зборуваме за секунда. Беше сосема нормален, како и обично – рече Бозен.

Тој додаде дека фудбалерот сакал сам да го напушти теренот и да се поздрави со своето семејство.

Ериксен најави дека во наредниот период ќе биде посветен на закрепнувањето, одморот и времето поминато со семејството.

Поврзани содржини