УСПЕАЛ ДА ЈА ФАТИ ВО ДЕЛ ОД СЕКУНДАТА! Подвиг на градоначалникот на Велес, спречил жена да се самоубие
Јас не сум никаков херој. Го направив тоа што би го направил секој граѓанин во таква ситуација - изјави Колев за Мкд.мк.
Градоначалникот на Велес Марко Колев спаси жена која сакала да се убие скокајќи во Вардар, најверојатно поради тоа што го загубила чедото во сообраќајна несреќа – објави Мкд.мк.
Жената сакала да скокне во Вардар од стариот мост во Велес, но градоначалникот Колев, во тој момент случајно се нашол на мостот, преку кој секој ден поминува враќајки се од работа. Од својот автомобил тој ја видел жената како се качува на оградата и се обидува да скокне. Го запрел автомобилот и ја фатил во прегратка од зад грб, и за дел од секундата пред да скокне ја симнал од оградата.
– Јас не сум никаков херој. Го направив тоа што би го направил секој граѓанин во таква ситуација. Бев единствен кој во тоа време го минуваше мостот бидејќи беше некаде по 16 часот и поради топлото време немаше фреквенција на луѓе. Жената стоеше свртена кон реката и ја прекачуваше оградата. Се стрчав и ја фатив од зад грб. Тоа беа делови од секунда, но ете, се најдов веројатно во вистинско време на местото за да ја спасам. Ја прашав: „Мајче, каков проблем имаш“, а таа не ми одговори многу. Рече само дека не сака да живее – изјави Колев за Мкд.мк.