УСЛОВНА КАЗНА ЗА БИТОЛСКИ БИЗНИСМЕН Александар Талевски доби 6 месеци, а неговите синови по 3 за вербалниот напад над советници од Битола

Два дена пред прославата на Нова година, во кафеана на Широк Сокак, Талески вербално упатил закани по живот кон претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска, и уште десетина други советници од различни политички партии. Ситуацијата отиде дотаму што интервенираше и битолската полиција.

9,425

Александар Талевски, бизнисменот од Битола, кој вербално нападна советници од битолскиот Совет доби алтернативна мерка, условна осуда казна затвор од 6 месеци која нема да се изврши доколку во период од една година и шест месеци нема да повтори кривично дело, објави Независен.

Ваква пресуда денеска донесе Основниот суд во Битола, откако битолското јавно обвинителство даде предлог-спогодба. Судењето беше на 10 овој месец.






За синовите на Талевски, кои исто така беа дел од овој настан, изречена е алтернативна мерка 3 месеци казна затвор, која нема да се изврши ако за 1 година не сторат ново кривично дело.

Инаку инцидентот на 28 декември во кафеана на битолски Широк Сокак, додека голем дел од советниците по изгласувањето на буџетот на Општина Битола и по одржаната седница седнале да вечераат секој на своја сметка.

– На 28.12.2022 во 21,20 часот во угостителски објект во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги приведиле А.Т. (48), А.Т. (26) и М.Т. (27), сите од Битола, затоа што се однесувале агресивно кон советници од Совет на општина Битола и се обиделе физички да нападнат дел од нив. Тие, исто така, се однесувале агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – стои во полицискиот билтен.

Поврзани содржини