УШТЕ КОЛКУ РОДНИНИ НА АЛИ АХМЕТИ ОСТАНАА НЕВДОМЕНИ ВО ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ? Алтернатива остро за испраќањето на Бесијан Ахмети во Брисел

Бесијан Ахмети, член на семејството на Али Ахмети, е именуван за прв секретар во Амбасадата на РСМ во Брисел.

1,648

Во времето кога стотици илјади Албанци секојдневно се принудени да ја напуштаат својата татковина и да се преселуваат на запад, продолжува бескрупулозниот непотизам на функционерите на ДУИ, кои со своите постапки продолжуваат да ја убиваат надежта на младите Албанци, тврди партијата Алтернатива.

„Таков е случајот со членот на семејството на лидерот на ДУИ, Бесијан Ахмети. Членот на семејството на Али Ахмети, со одлука на министерот за економија, Крешник Бектеши, но и со одобрение на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, преку партиското и семејното фаворизирање, е именуван за прв секретар во Амбасадата на РСМ во Брисел, заземајќи го местото на стотиците албански професионалци квалификувани за таа позиција“, открива Алтернатива.






Поради ова партијата го прашуваме Али Ахмети:

„Уште колку членови на семејството ви останале несместени во државните институции? До кога треба да чекаат Албанците додека Династија Ахмети-ДУИ ќе се сити на нивен грб? Уште колку Албанци треба да се преселат за да се задоволи семејството Ахмети?“

Алтернатива ја повикува Државната комисија за спречување на корупција и сите надлежни институции да реагираат на „срамниот непотизам на ДУИ на кој секојдневно сме сведоци“.

Поврзани содржини