УШТЕ ЕДНО ОБВИНЕНИЕ НА ТОВАР НА СТАМЕНКОВСКИ Клиниката „Жан Митрев“ го обвинува за рекет и за објавени информации од предистражна постапка

Оттаму додаваат дека подолг период Клиниката „Жан Митрев“, д-р Митрев како и вработените во клиниката биле предмет на опортунизмот на Стаменковски, а што на порталот ДоказМ биле објавувани текстови со лаги, неосновани и непоткрепени информации и со тоа беше нанесена штета на угледот и работата како на клиничката болница така и лично на поединци.

2,048

Клиника „Жан Митрев“ ќе се приклучи на обвинението за сопственикот на порталот ДоказМ, Марјан Стаменковски како оштетена страна откако Основното јавно обвинителство охрабри и други евентуални оштетени од вакви кривични дела да ги пријават, соопштија од клиниката.

Како што појаснуваат од Клиниката, во изминатиот период  преку порталот се изнесени бројни невистини за клиниката и за вработените, навредливи и деградирачки квалификации, е е вршен притисок и изнуда на рекет.






„Клучната информација која очекуваме да биде дел од предистражната постапка е дали постоела корелација меѓу објавите на Порталот ДоказМ, со работата на истражителите на ЈО кои ја водат постапката против нас. Имено, како што веќе информиравме, во неколку наврати порталот ДоказМ објави информации базирани на предистражната постапка во кои ги најавуваше мерките против Клиниката Жан Митрев. ДоказМ во објавен текст на 15.11.2022 ја предвиде мерката блокирање на сметка и забрана за продажба на удели која ЈО ја направи три дена после објавата не текстот на 18.11.2022 година“, се наведува во соопштението

Оттаму додаваат дека подолг период Клиниката „Жан Митрев“, д-р Митрев како и вработените во клиниката биле предмет на опортунизмот на Стаменковски, а на порталот ДоказМ биле објавувани текстови со лаги, неосновани и непоткрепени информации и со тоа беше нанесена штета на угледот и работата како на клиничката болница така и лично на поединци. Од Клиниката тврдат дека порталот ДоказМ објавувал интерни меил комуникации, пораки добиени од поранешен вработен кој сега работи во конкурентска болница и кој отворено на социјалните мрежи им се заканувал на вработени во клиниката Жан Митрев.

„Оваа комуникација би требало да биде, исто така предмет на предистражните дејствија. Стаменковски во своите текстови користеше бројни навредливи квалификации и со тоа влијаеше врз мислењето и перцепцијата на голем број читатели. Клиника „Жан Митрев“ верува во транспарентност, во објективност, ги поддржува начелата на истражувачкото новинарство и посебно во слободата на говорот. Но, во објавите на порталот ДоказМ немаше ништо од новинарските принципи и од почитување на правото за изјаснување. Клиниката долго време бараше начин институционално да ја заштити работата на клиниката и своите вработени од ваквите напади. Ова е единствениот начин и затоа одлучи по повикот од Јавното обвинителство да се приклучи кон ова обвинение“, се наведува во соопштението.

Поврзани содржини