Уште еднаш: добро, зошто?

Иако дипломатски одличната тактика нашата слабост (Преспа) да ја претвориме во предност (соочување на западот со неговите стандарди, но овојпат како наше барање) беше истакната во неколку наврати изминативе недели, откако вчера во Салцбург го кажа буквално ИСТОТО, само на англиски, некои медиуми се обидоа да му налепат дека е негов став „брилијантноста“ на Преспанскиот договор, односно дека според Мицкоски тој бил „ремек дело“.

3,661

Премиерот Мицкоски во неколку наврати изминативе недели, бранејќи го македонскиот став и интерес да се избориме за уставни измени со одложено дејство, а за да се спасиме од нови бугарски уцени, го посочи Преспанскиот договор кој СПОРЕД МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА бил „ремек дело“ како основ за ова наше барање, бидејќи и преспа важеше кај нас ПО РАТИФИКАЦИЈАТА во Грција.

Иако оваа дипломатски одлична тактика нашата слабост (Преспа) да ја претвориме во предност (соочување на западот со неговите стандарди, но овојпат како наше барање) беше истакната во неколку наврати изминативе недели, откако вчера во Салцбург го кажа буквално ИСТОТО, само на англиски, некои медиуми се обидоа да му налепат дека е негов став „брилијантноста“ на Преспанскиот договор, односно дека според Мицкоски тој бил „ремек дело“.






Иако тоа личи како на Лео Меси да пробате да му налепите став дека за него „Реал Мадрид бил најголем клуб во светот“, сепак некои медиуми – се обидоа.

Барем во насловите кои требаше да им звучат бомбастично, иако подоцна се самонегираат во презентирањето на веста во која слушајќи ја целата изјава на Мицкоски е јасно дека се работи за истата изјава која со недели ја слушаме дома на македонски јазик.

И е, уште еднаш ќе кажам, ОДЛИЧНА политичка тактика за убедување и аргументирање, кое мораме да го правиме.

Ама не, решија во длабок фејкњуз да влезат некои медиуми. Иако промовираат лаги.

Фејсбук статус на авторот

Поврзани содржини