Уште една вакцина со висока ефикасност, „Новавакс“ се појавува во вистинско време
Студијата на „Новавакс“ опфати 30.000 лица постари од 18 години, од кои две третини примиле две дози на вакцина, а една третина добиле лажна инјекција.
Американскиот производител на вакцини „Новавакс“ објави дека според последните студии, ефикасноста на нивната вакцина против вирусот ковид-19 е дури 90 проценти.
Иако големата побарувачка за вакцини во САД драматично опадна, побарувачката за вакцини ширум светот е сè уште критична, а вакцината „Новавакс“, е лесна за чување и транспорт, па се очекува да игра важна улога во зголемувањето на залихите на вакцини ширум светот.
– Многу вакцини ќе одат во земји со ниски и средни примања – рече извршниот директор Стенли Ерк, додавајќи дека „Новавакс“ досега беше многу успешен во различни земји со луѓе од сите возрасти и дека нема извештаи за невообичаени згрутчување на крвта и слични проблеми.
Студијата на „Новавакс“ опфати 30.000 лица постари од 18 години, од кои две третини примиле две дози на вакцина, а една третина добиле лажна инјекција.
77 случаи на ковид-19 се пријавени кај вакцинирани лица и 14 кај вакцинирани со лажната инјекција, во кои инфекцијата била во многу посилна форма.
Според производителот, несаканите ефекти главно биле болка на местото на вакцината.