УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА ВО СВЕТОТ НА ФУДБАЛОТ На терен почина 21-годишен играч во грчки клуб
Возилото на Итната помош дошло по 20 минути.
Трагедија го потресе грчкиот клупски фудбал откако Александрос Лампис (21) почина на теренот во тек на натрпевар.
Лампис беше играч на Илиоуполи, клуб кој се натпреварува во пониските фудбалски лиги во Грција.
Според пишувањето на грчките медуими, Итната помош доцнела 20 минути и кога стигнала констатирала смрт.
„Нашиот Алеко. Нашиот пријател. Нашиот брат. Замина толку неправедно. Целиот тим и целиот град е денеска во жалост. Нема вистински зборови, само кнедла во грлото и неподнослива болка. Среќен пат Алекаро“, напишаа од тимот.