УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА ВО БУГАРИЈА Девет лица починаа во пожар во старечки дом

Пожарот избувнал околу 18 часот во стара училишна зграда претворена во дом за стари лица во селото Ројак, изјави началникот на противпожарната служба Тихомир Тотев за јавната телевизија БНТ.

375
Девет стари лица загинаа кога пожар зафати старечки дом во источна Бугарија во понеделникот, соопштија официјални лица.





Пожарот избувнал околу 18 часот во стара училишна зграда претворена во дом за стари лица во селото Ројак, изјави началникот на противпожарната служба Тихомир Тотев за јавната телевизија БНТ.
 – За жал, девет лица ги загубија животите од 58-те кои беа во домот во моментот на пожарот – рече тој.
Останатите жители беа евакуирани од зградата, а на некои од нив им беше потребна медицинска помош бидејќи вдишале чад, додаде службеникот.
Директорката на домот за згрижување Милена Мазурик го потврди бројот на жртвите за приватниот канал БТВ, додавајќи дека ова е „конечниот број на жртви“.

Министерството за надворешни работи на Република Турција изрази сочуство до Владите и народите на Бугарија и Северна Македонија за загинатите во пожарот што избувна во домот за стари лица во Варна на 22 ноември 2021 година и во сообраќајната несреќа на автобусот со македонски регистарски ознаки, што се случи ноќеска во близина на бугарскиот град Перник.

– Изразуваме сочуство до Владите и народите на Бугарија и Северна Македонија за загинатите во овие болни несреќи, и на повредените им посакуваме закрепнување во најскоро време – стои во соопштението од МНР на Република Турција.

Поврзани содржини