УШТЕ ЕДНА ЧЛЕНКА НА НАТО ГО ОДБИ ТРАМП „Патриотите остануваат да ја бранат Полска“

Полска одби да испрати „Патриот“ системи на Блискиот Исток по барање на САД, нагласувајќи дека тие се клучни за националната одбрана. 

218

САД побараа од Полска да испрати батерија од системот „Патриот“ на Блискиот Исток, но Варшава го одби предлогот, нагласувајќи дека тие се клучни за одбраната на земјата и источното крило на НАТО.

Според информациите, Вашингтон предложил Полска да испрати една батерија „Патриот“, заедно со ракетите PAC-3 MSE, во регионот погоден од конфликтот со Иран.






Барањето било дел од неформални разговори, но предизвика јасна реакција од полската влада.

Информацијата доаѓа брзо откако Шпанија и Италија забранија слетување на американски воени авиони од нивна територија упатени кон Блискиот Исток.

„Нашите Патриоти остануваат тука“

– Нашите батерии „Патриот“ и нивното оружје служат за заштита на полското небо и источното крило на НАТО. Ништо не се менува и не планираме да ги преместуваме никаде. Безбедноста на Полска е апсолутен приоритет – изјави министерот за одбрана Владислав Косињак-Камиш.

Неговиот заменик Цезари Томчик додаде:

– Полските „Патриот“ остануваат во Полска. Тие имаат своја задача, да ја бранат Полска и источното крило на НАТО.

„Се соочуваме со големи товари“

Шефот на кабинетот на претседателот на Полска објаси зошто Варшава одбива:

– Ние сме лојален сојузник на САД, но сме и гранична земја на источното крило на НАТО. Се соочуваме со големи оптоварувања, особено на границата со Белорусија – изјави Збигњев Богуцки.

Тој додаде дека Полска веќе ги исполнува своите обврски и дека нема официјално барање пристигнато по дипломатски пат.

Туск пресече, Полска не оди во Иран

Полскиот премиер Доналд Туск претходно јасно стави до знаење дека Полска нема да испрати воени сили во Иран.

– Полска има други задачи во рамките на НАТО. Нашите сили сè уште се во изградба – изјави Туск.

Одбивањето доаѓа во момент кога САД бараат поголема поддршка од сојузниците во конфликтот со Иран. Претседателот Доналд Трамп веќе изрази незадоволство од реакцијата на НАТО.

„Земјите од НАТО не направија апсолутно ништо“, напиша тој.

„Ќе го преиспитаме членството“

Американскиот секретар за државна безбедност Марко Рубио изјави дека САД ќе го преиспитат членството во НАТО. Тој ја коментираше забраната која ја издаде Шпанија за слетување на воени авиони на САД и на Израел кои се упатени на Блискиот Исток.

Денеска одекна веста дека и Италија неформално забранила слетување во база на Сицилија.

ПО ШПАНИЈА, ИТАЛИЈА ИМ ГО ЗАТВОРИ ПАТОТ НА САД Одбиено барање за слетување во Сицилија

 

Поврзани содржини