Уште еден удар за Вухан: Поплава го загрозува животот на милиони луѓе (ВИДЕО)

Нова криза избувна во кинескиот град Вухан, од каде потекнува пандемијата на коронавирусот.

851

Како резултат на рекордни дождови и поплави во Кина, загрозени се милиони луѓе во тој град лоцирани на реката Јангцекјанг, а нивото на заштита од поплави е подигнато на второ ниво, само на едно од најопасното.

Многу пороен дожд паѓа веќе два дена во Вухан и околината, а во некои делови, паднаа дури 250 милиметри дожд за 24 часа, или 250 литри на метар квадратен, објави „Ксинхуа“.






На многу места, реките го преминале нивото на одбрана од поплави, а во Вухан се борат да го спасат градот од поплавување.

Нивото на заштита од поплави е подигнато на второ од четири нивоа, само еден чекор од најопасното ниво.

Според „Ксинхуа“, се очекува врнежите да продолжат не само во Вухан, туку и во многу други градови во Кина, кои се во опасност од поплавување, а милиони луѓе се загрозени.

 

Најризично е во провинцијата Хубеи, чиј главен град е Вухан, кој неодамна беше најтешко погоден од коронавирусот.

Според Светската здравствена организација, пандемијата започнала од овој град, во кој имало скоро 3.900 мртви.

 

Поврзани содржини